Заштита на лични податоци: Најмногу злоупотреби на социјалните мрежи
Лани имало речиси 400 поплаки. Половина од нив се за бришење на лажен профил на Фејсбук, како и за пробиени корисничко име или лозинка...

Расте бројот на претставки за нарушување на приватноста во Македонија. Најмногу злоупотреби има на социјалните мрежи. За пет години бројот на претставките се зголемил за четири пати. Лани имало речиси 400 поплаки. Половина од нив се за бришење на лажен профил на Фејсбук, како и за пробиени корисничко име или лозинка. Од Дирекцијата за заштита на личните податоци велат дека интситуциите мора да се собираат податоци, но, тие внимателно треба да се користат.
„Институциите се консултираат од дирекцијата пред да донесат некои одлуки, особено од секоторите здравство, банкарство, осигурување и слично“, вели Димитар Ѓорѓиевски, директор на Дирекција за заштита на лични податоци.
Во Дирекцијата во изминатите десет години се обратиле над 5.000 илјади граѓани со свои претставки. Од ЕУ потсетуваат, заштитата на податоци претставува човеково право.
„Сметаме дека најинтересно право е да се биде заборавен и доколку сакате вашите податоци да се повлечат од интернет треба да имате право да го направите тоа“, изјави Роберт Лидел, заменик шеф на делегацијата на ЕУ.
„Оваа тема е многу важна во Европа, и оттука ЕК има приоритет да воспостави заеднички дигитален пазар, кој ќе придонесе да се отворат нови работни емста“, изјави Дионисис Колокоцес, менаџер за јавни политики на „Гугл“.
Во Македонија за злоупотреба на податоци решава Комисија за одлучување по прекршок. Во минатата година решавала по 6 предмети. Изречени се прекршочни санкции.
Наташа Јанчиќ
