Чавков: Грижата за граѓанинот е на прво место за МВР
Грижата за граѓанинот е на прво место за МВР, ова денеска го истакна министерот за внатрешни работи Митко Чавков, кој ја посети месната заедница „Тоде Мендол“ и разговараше со кумановци, пред се со жителите и граѓанските организации од оваа населба...

Полицијата и граѓаните не се два спротивставени концепти. Напротив, грижата за човекот, за граѓанинот за МВР е на прво место. Тоа го потврдуваме и со нашето постојано присуство и интерес за безбедносната состојба на подрачјето на општина Куманово, рече на состанокот со жителите на „Тоде Меднол“, министерот за вантрешни работи Митко Чавков.
И жителите на „Тоде Меднол“ сметаат дека граѓаните го положија испитот и не дозволија настанаите од дветти и десетти мај да го загрозат меѓуетничкиот живот во Куманово.
Што се однесува до новонастаната состојба со мигрантите, министерот рече дека состојбата се следи и постојано се координира преку меѓуминистерско тело, формирано токму за таа намена.
СВР Куманово и понатаму ќе продолжи со постојано присуство на терен да биде достапна за граѓаните, но и будно да ги следи состојбите. Инаку, ова е втора посета на министерот Чавков во Куманово.
Габриела Димковиќ
