Советот на ЕУ ќе ги усвои заклучоците за Македонија

23.06.2015 10:08

Заклучоците за Македонија се очекуваат денеска, а треба да ги усвојат лидерите на државите членки на Европската Унија на состанокот в петок...

Политичките партии да го имплементираат договорот од 2-ри јуни, особено во делот на исполнувањето на реформите што ќе ја вратат довербата во институциите, заеднички став на  министрите за надворешни работи на Европската Унија во Луксембург.

Заклучоците за Македонија се очекуваат денеска, а треба да ги усвојат лидерите на државите членки на Европската Унија на состанокот в петок.

„Ги охрабруваме сите партии во Скопје да го имплементираат политичкиот договор постигнат на 2-ри јуни особено во функциониранјето на реформите, имплементацијата на реформите, поскорешна акција и транзиција кои ќе ја вратат вербата и довербата во институциите од страна на сите луѓе во земјатa“, изјави вчера шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.

Да потстиме дека реформите се однесуваат во областа на владеење на правото, деполитизација на јавната администрација, слободата на изрзувањето и изборните реформи.