Поквалитетен пласман на македонските домати на странските пазари

23.06.2015 10:51

Извозниците ќе добиваат субвенции за калибрирање на доматите за извоз. Ова ќе овозможи поквалитетен пласман на македонскиот зеленчук на поодалечените пазари...

За извоз на доматите, до 3 денари за килограм ќе се субвенционираат трошоците за разладување, калибрирање и пакување во домашните откупни центри.

Мерката ќе можат да ја користат сите извозници за да го намалат ризикот од расипување на производите.

Домашниот пазар е многу мал за вкупното градинарско производство и мора да се извезува во поранешните Југословенски републики, во западноевропските земји и во Русија.

 

Методија Трајков