Втор ден уписи во средните училишта

23.06.2015 11:16

Вчера околу 22 илјади деветооделенци ги поднесуваа документите за задолжителното образование. Расте интересот и за стручното образование...

Втор ден од уписите за средно образование. Реномираните гимназии веќе со пополнети квоти, место повеќе се бара во средното медицинско училиште, а атрактивни се и правната и економската струка.

Вчера околу 22 илјади деветооделенци ги поднесуваа документите за задолжителното образование. Расте интересот и за стручното образование.

Резултатите од уписите ќе се објават утре. Оние кои нема да се запишат, ќе имаат шанса на 29-ти и 30-ти јули во вториот и кон крајот на август, во третиот уписен рок.