Коѕиас утре во Скопје

23.06.2015 12:38

Шефот на грчката дипломатија ќе биде примен од претседател Иванов со кого ќе има и работен ручек...

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас утре во Скопје ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Предвидени се и разговари со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и и со премиерот Груевски, соопштија од грчкото МНР.

Шефот на грчката дипломатија ќе биде примен од претседател Иванов со кого ќе има и работен ручек.

Според дописот од грчкото министерство за надворешни, Коѕиас во Скопје исто така ќе се сретне и со лидерите на СДСМ, на ДУИ и на ДПА.