Можност за вработување на лица во социјален ризик
Ќе бидат опфатени најранливите категории граѓани кои се без работа- приматели на социјална помош, жртвите на семејно насилство, оние што до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа, како и оние кои користеле условен паричен надосместок за школување...

Нова мерка за вработување објави Министерството за труд и социјална политика- субвенционирано вработување на лица во социјален ризик. Ќе бидат опфатени најранливите категории граѓани кои се без работа- приматели на социјална помош, жртвите на семејно насилство, оние што до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа, како и оние кои користеле условен паричен надосместок за школување.
„Во првата група субвенционираме бруто плата за вработување на лице во социјален ризик со вкупен максимaлен износ на месечно ниво од 22.000 денари од кои што 17.000 денари за бруто плата за вработеното лице и 5.000 денари надоместок на трошоци за обука за рабодотавачот месечно, во период од 6 месеци со обврска за компаниите да ги задржат овие лица на работа дополнителни 12 месеци и втората група на субвенции опфаќа максимална субвенција од 11.900 денари во период од 6 месеци со 5 години ослободување од плаќање на социјални придонеси во рамки на проектот Македонија Вработува“, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Со ова мерка работа ќе добијат 134 невработени лица.
