Кривична пријава за одговорни и службени лица во „Велеспром“

23.06.2015 13:37

Поранешниот извршен директор и членови на одборот на директори, злоупотребувајќи ја позицијата нанеле штета од 17 ипол милиони денари...

Секторот за внатрешни работи - Велес поднесе кривична пријава против службени и одговорни лица во „Велеспром“ за злоупотреби на овластувања.

Поранешниот извршен директор и членови на одборот на директори, злоупотребувајќи ја позицијата нанеле штета од 17 ипол милиони денари. Во периодот 2006-2007 година пријавените лица во својство на службени и одговорни лица, склучиле договори за продажба на деловен простор сопственост на АД „Велеспром“ Велес, во услови кога друштвото е несолвентно и сметката е блокирана повеќе од 45 дена.

Според МВР, постои основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „оштетување или повластување на доверители“ со што на останатите акционери на АД „Велеспром“ и останатите доверители меѓу кои и државата, им нанеле значителна штета од близу 5 милиони денари.