Оглас за субвенции за добивање ознака „Национален ресторан - меана“

23.06.2015 13:43

Субвенционирањето се врши преку кофинансирање 60 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 120 илјади денари кои ќе се направат за набавка на опрема, алати и инвентар...

Министерството за економија објави оглас за субвенции за ознака „Национален ресторан- меана“. Вредноста на повикот е милион денари, а заинтересираните угостителски објекти може да се пријават до 30 септември.

Субвенционирањето се врши преку кофинансирање 60 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 120 илјади денари кои ќе се направат за набавка на опрема, алати и инвентар, печатење промотивен материјал, учество на обуки, семинари и презентации, уредување или подобрување на деловниот простор.

Ќе се земат предвид трошоците направени во периодот од 1 јануари 2015 година до крајниот рок за аплицирање.

Изборот ќе се прави по принципот „прв дојден, прв услужен“, односно по редослед на поднесување на апликацијата, до исцрпување на средствата.