17 компании вовеле систем за менаџирање со потрошувачката на енергија

23.06.2015 14:40

Според двогодишното искуство заштедата на енергија во компаниите од различни индустриски гранки се движи од 10 па се до 30 % во покомплексните проекти, кои бараат дополнителни вложувања...

Седумнаесет домашни приватни фирми го вовеле системот за менаџирање со потрошувачката на енергија преку проектот на УСАИД. Сите тие по принципот на кофинансирање добиле  најсовремена германска и француска мерна опрема и професионален софтвер со кој во реално време ја следат потрошувачката на сите видови енергија.

Според двогодишното искуство заштедата на енергија во компаниите од различни индустриски гранки се движи од 10 па се до 30 % во покомплексните проекти, кои бараат дополнителни вложувања.

Инвестираните средства се враќаат најбрзо за 1 година, односно за 3 до 6, при поголемите вложувања, за кои се користат специјализирани кредитни линии на ЕБРД.

Најзаинтересирани за подобрувањето на конкурентноста и за намалување на трошоците за енергија се претежно средните фирми. Досега преку проектот уште 60 фирми добиле целосни проектни решенија кои ќе можат подоцна самостојно да ги реализираат.

 

Свето Николовски