Нова мерка: Субвенционирано вработување на лица во социјален ризик
Министерството за труд и социјална политика објави нова мерка. Ќе бидат опфатени најранливите категории граѓани кои се без работа- приматели на социјална помош, жртвите на семејно насилство, оние кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа, како и лица кои користеле условен паричен надоместок за школување. Работа ќе добијат 134 невработени..

Преку субвенционирано вработување ќе добијат работа 134 невработени од семејства во социјален ризик. Ќе бидат опфатени најранливите категории граѓани кои се без работа. Приматели на социјална помош, жртви на семејно насилство, оние кои до 18 години имале статус на деца без родители, како и оние кои користеле условен паричен надоместок за школување. Поволностите за работодавачите се поделени во две групи.
„Во првата група субвенционираме бруто плата за вработување на лице во социјален ризик со вкупен максимaлен износ на месечно ниво од 22.000 денари од кои што 17.000 денари за бруто плата за вработеното лице и 5.000 денари надоместок на трошоци за обука за рабодотавачот месечно, во период од 6 месеци со обврска за компаниите да ги задржат овие лица на работа дополнителни 12 месеци“, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Втората група опфаќа субвенција од 11.900 денари во период од 6 месеци, со 5 години ослободување од плаќање на социјални придонеси.
„Работодавачот и невработенотот лице би издвоиле само 10 минути од своето време за да креираат електронска апликација за мерката за која што се заинтересирани“, рече Слободанка Алкесовска, раководител на центар за вработување Скопје
Досега со проектот „Македонија вработува“ работа добиле над 2.000 луѓе. Според надлежните, до крајот на годината треба да бидат вработени 20.000 невработени.
Наташа Јанчиќ
