Кривичниот суд на 1 јули ќе ги разгледува приговорите по обвинението за примање поткуп против Заев

23.06.2015 15:03

Судот го прифатил барањето на одбраната за одржување седница на која советот ги оценува наводите од приговорите против обвинителниот акт...

Скопскиот кривичен суд на први јули на седница ќе ги разгледува приговорите во врска со обвинението за примање поткуп против лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Судот го прифатил барањето на одбраната за одржување седница на која советот ги оценува наводите од приговорите против обвинителниот акт, се вели во соопштението на судот Скопје 1.

Заев се товари дека побарал 200 илјади евра поткуп за приватизација на државно земјиште.