Заклучоци за Македонија во Советот на ЕУ
Конструктивен политички дијалог кој ќе овозоможи спроведување на итните мерки и враќање на довербата во институциите - ова се очекува да бидат дел од заклучоците за Македонија кои ќе ги усвои Советот за општи работи на Европската Унија. Шефовите на дипломатиите треба да го реафирмираат ангажманот на Брисел во процесот на политичка стабилизиација на државата...

Советот за општи работи на Унијата денеска ќе ги усвои заклучоците за Македонија, според кои уште во април ова година беше изразена сериозна загриженост во врска со влошувањето на состојбата во земјата, особено во делот на владеење на правото, основните права и слободата на медиумите.
„Ќе се разговара и за нацрт- заклучоците, како и за донесување на заклучоци во врска со ситуацијата во Република Македонија, каде што веруваме дека ќе го реафирмираме ангажирањето на ЕУ во процесот на политичка стабилизација“, изјави Едгарс Ринкевичас, министер за надворешни работи на Латвија.
Со ова практично се упатува уште еден апел до сите засегнати страни да преземат одговорност и итни мерки насочени кон обезбедување на одржливо решение и конструктивно да се вклучат во политичкиот дијалог, и да ја вратат довербата во институциите.
Овие заклучоци ќе бидат усвоени од страна на шефовите на владите и државите- членки на ЕУ во петок, на Самитот на Европскиот совет.
Марина Стојанова- Тонева
