Коѕиас во посета на Скопје

24.06.2015 10:00

Коѕиас ќе биде примен од неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, а потоа во Минстерството за надворешни работи, работните групи на двете министерства треба да ги разгледуваат мерките за градење доверба меѓу Атина и Скопје...

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас ја почнува мини турнејата низ земјите на Западниот Балкан со денешната посета на Македонија.

Во Скопје, за половина час, Коѕиас ќе биде примен од неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, а потоа во Минстерството за надворешни работи, работните групи на двете министерства треба да ги разгледуваат мерките за градење доверба меѓу Атина и Скопје.

Коѕиас ќе се сретне и со претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, претседателот на владата Никола Груевски и со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.

По Скопје, Коѕиас ќе ги посети и Белград и Подгорица.