Груевски: Посветени на реформите и договореното
Премиерот на својот Фејсбук профил напиша дека ги поздравува заклучоците на Европската Унија.

Премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил напиша дека ги поздравува заклучоците на Европската Унија.
Продолжуваме посветено на реформскиот процес и договорот од 2-ри јуни. Продолжуваме со подигање на стандардите во сите области, пред се поради квалитетот на животот на граѓаните на Република Македонија и прогресот кон Европската Унија. Македонија ќе излезе посила од оваа криза, а нашиот народ е мудар и знае да цени и вреднува кој работи за него и со кого има подобра иднина. После прогресот кон Европската Унија, владата ќе излезе со конкретен план на мерки и активности во насока на реформскиот процес, напиша премиерот Груевски на својот Фејсбук профил.
