Земјоделците со долгови кон државата нема да го губат правото на финансиска поддршка

24.06.2015 10:33

Со согласност на земјоделците, неплатените закуп, пашарина и водарина ќе бидат пребиени од субвенциите...

Барателот кој има долгови за закуп, водарина и пашарина, субвенциите за 2015 година ќе може да ги добие со изјава на нотар дека е согласен тие да се пребијат од одобрената финансиска поддршка.

Изјавата е должен да ја достави до платежната Агенција во рок од 20 дена од известувањето за неплатените обврски.

Ако барателот не достави согласност го губи правото на субвенции.

Овој начин на раздолжување, е за полесно добивање на субвенциите.

 

Методија Трајков