Започна првиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

24.06.2015 10:50

Над 150 идни ракометари се веќе на терените во Охрид каде наредниве 7 дена ќе можат да навлезат во тајните на ракометната игра. Учесниците ќе имаат можност да се дружат со најдобрата светска ракометна седумка...

Во Охрид стартуваше првиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“ од каде беше најавено многу забава, дружење, а пред се, спортување. Идните ракометари кои имаат идеални услови, се подготвени за кампот, а тука е и тимот на стручни лица кои ќе се погрижат за менталното и физичко здравје на сите учесници.

На кампот има рекорден број пријавени учесници, односно над 150 идни ракометари се веќе на терените во Охрид, сите обезбедени со комплетна опрема за тренинг и најновата книга на Кире Лазаров. Кампот е во организација на агенцијата „КМГ Спорт“, а учесниците ќе се дружат седум денови со најдобрата светска ракометна седумка.

Идејата е овој камп да стане традиција и во летниот период секоја година, најмладите да можат да навлезат во тајните на ракометната игра, од прва рака, од најдобрата светска ракометна седумка, Кире Лазаров, а се со намера еден ден да прераснат во големи шампиони.

 

Јованчо Наумоски