Камион излета од автопатот Скопје-Велес

24.06.2015 11:16

Според информациите од полицијата, возачот на камионот изгубил контрола над возилото, излетал од автопатот и се превртел во нискостеблеста шума кај населбата Дурутовец...

Товарно возило влекач „Сканија“ со приколка со унгарски регистерски таблички излетал од автопатот Скопје-Велес синоќа околу 1:40 часот.

Според информациите од полицијата, возачот на камионот изгубил контрола над возилото, излетал од автопатот и се превртел во нискостеблеста шума кај населбата Дурутовец.

Возилото е уништено, а нема официјални информации за состојбата возачот. Според неофицијалните информации, најверојатно е загинат. 

Поради тешко пристапниот терен каде се случила сообраќајната несреќа, се уште трае увидот на јавен обвинител, екипи од СВР Велес и противпожарна единица.