Пуштена во употреба нова улица во Мичурин

24.06.2015 13:08

Во новата улица, која е со должина од 200 метри и ширина од 6 метри, Општината Аеродром инвстираше 5 милиони евра...

Во населбата Мичурин во општина Аеродром денеска е пуштена во употреба новата улица „Анастас Митрев 3“, која ги поврзува улиците „Венјамин Мачуковски“ и Петар Авец“.

Во новата улица, која е со должина од  200 метри и ширина од 6 метри, Општината инвстираше 5 милиони евра.

На пуштањето во употреба на улицата присуствуваа министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски.

Градоначалникот Коневски истакна дека со изградба на новата улица во Мичурин Општина Аеродром продолжува со предвиената динамика да ја подобрува состојбата на инфраструктурата.