Отворена најсовремената Државна кардиохирургија во рамките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

24.06.2015 13:10

Вкупната опрема, најсовремената апаратура и изградбата ја чинеа државата околу 2,5 милиони евра...

Се помалку операции на срце ќе се извршуваат во странство. Отворена е најсовремената Државна кардиохирургија во рамките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Вкупната опрема, најсовремената апаратура и изградбата ја чинеа државата околу 2,5 милиони евра.

„Тука имаме најсовремена опрема од најнова генерација која овозможува работа на сите можни кардиохируршки процедури, со што Државната кардиохирургија ќе биде поготвена да одговори на сите предизвици во оваа сфера“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.

Интервенците ќе почнат да се ивршуваат во период од две до три недели, имајќи ги во предвид сите протоколи кои треба да се направат пред да се направи првата операција, најави ресорниот министер.