Коѕиас: Правиме сѐ што можеме да помогнеме на вашиот пат кон ЕУ
Коѕиас беше пречекан од неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Многу убаво се чувствувам во вашата земја- изјави на почетокот на средбата Коѕиас. Се разбира не го наведе името Република Македонија...

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас ја почна мини турнејата низ земјите на Западниот Балкан со денешната посета на Македонија. Коѕиас беше пречекан од неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Многу убаво се чувствувам во вашата земја- изјави на почетокот на средбата Коѕиас. Се разбира не го наведе името Република Македонија.
Грчката надворешна политика верува дека оваа земја е благодет и е носител на стабилноста и безбедноста. Правиме сѐ што можеме да помогнеме на вашиот пат кон ЕУ. Веруваме дека постоењето и стабилноста на оваа држава е дар на Балканот. Постои една разлика во однос на името, но за секој проблем постои и решение, изјави Коѕиас.
Министерот Попоски истакна дека денеска не е постигнато решение за името, но постигнат е договор за повеќе мерки за градење доверба кои ќе придонесат за надминување на разликите во духот на европските вредности и согласно заедничките интереси.
За време на посетата, министерот Коѕијас треба да биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, од претседателот на Владата Никола Груевски, како и од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.
Коѕијас во Скопје исто така ќе се сретне и со лидерите на поголемите политички партии.
