Унгарски шофер загина на автопатот Велес- Скопје

24.06.2015 15:34

Од полиција не го откриваат идентитетот на возачот, бидејки телото сеуште не е извлечено...

Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби возачот на товарното возило „Сканија“ со унгарски регистарски таблички се случи рано изутринава на автопатот Велес- Скопје. Според првичните сеуште неофицијални информации, возачот на камионот изгубил контрола над возилото, па излетал од мостот.

На местото на наесреќата увид направија Јавен обвинител и екипи на СВР Велес. Од полиција не го откриваат идентитетот на возачот, бидејки телото сеуште не е извлечено.

Камионот е целосно уништен.

 

Дијана Иванова