Разурнатиот базен во Струга- црна точка во општината
Неодамнешниот пожар на покривната конструкција на напуштениот градски базен во Струга беше опомена дека и за руинираните објекти е потребна грижа. Посебно што досега разурнатиот базен претставуваше место на зарази и опасност за младите. Стружани се радуваат на најавата за изградба на нов базен...

13 години од затворањето на базенот во Струга кој е составен дел од основното училиште Браќа Миладиновци се уште претставува црна точка во општината. Денешната слика на базенот е скршени прозорци, руинирани простории, отпад, шприцеви и разрушен инвентар. Децата кои учат во близина секојдневно се изожени од опасноста на заразни болести. До општина Струга реагирал и првиот човек на основното училиште, но од таму не добил никаков одговор.
Пред извесен период невладините организации изведоа перформанс, како пливање на суво.
Да биде сликата полоша, базенот го зафати и пожар на кровната конструкција но со брзата интервенција на противпожарната служба се спречи уште поголема катастрофа бидејќи во близина се наоѓа котларата на училиштето каде има големо количество на нафта.
Овој затворен базен 50 години претставуваше место каде пливачите од Струга и Охрид ги извршуваа спортските активности. Ваквите базени имаат и други намени покрај водените спортови.
До крајот на оваа година во Охрид, Владата на Р.Македонија најави изградба на затворен базен кој ќе се простира на 15 илјади метри квадратни а пливачите од Струга ќе имаат можност, зимските тренинг подготовки наместо во Скопје како до сега, да ги обавуваат во соседен Охрид, но стружани велат дека и овој крајезерски град заслужува да има свој затворен базен како некогаш.
Јованчо Наумоски
