Премиерот Груевски на самит на Европската народна партија во Брисел

25.06.2015 11:51

Европската народна партија е со најбројна парламентарна група во Европскиот парламент и самитот на ЕПП е можност за запознавање на политичките лидери со актуелните случувања...

Премиерот Груевски во Брисел ќе учествува на редовниот самит на Европската народна партија, на кој учествуваат шефовите на партии и политички лидери од европската десница, меѓу кои и првите луѓе на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск. Домаќин е претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол.

Меѓу присутните на денешниот самит на најголемата политичка партија во Европа се очекува да бидат и германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, како и Никола Саркози од Франција.

Европската народна партија е со најбројна парламентарна група во Европскиот парламент и самитот на ЕПП е можност за запознавање на политичките лидери со актуелните случувања, напорите кои се вложуваат на полето на интеграциските процеси и поддршка во остварување на стратегиските цели.