Просечна оценка на екстерното тестирање 3,26
Најдобри резултати се постигнати во општините Центар, Вевчани, Аеродром, Карпош и Кисела Вода...

Државниот испитен центар ги објави резултатите од екстерното тестирање, спроведено од 2 до 10 јуни. Просечната оценка изнесува 3,26, нешто пониска од лани кога изнесуваше 3,6.
Најдобри резултати се постигнати во општините Центар, Вевчани, Аеродром, Карпош и Кисела Вода. Од основните училишта – најдобри се „Лазо Трповски“ и „Војдан Чернодрински“во Карпош, „Песталоци“, „11 Октомври“, „Гоце Делчев“ и „Коле Неделковски“ во Центар, „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром, а првата десетка ја заокружуваат „Петар Поп Арсов“, „Љубен Лапе“ и „Кочо Рацин“.
Од средните училишта, прво е „Корчагин“, па следуваат „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“ – Битола, „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“ – Куманово.
Од Државниот центар информираат дека вкупно по два предмета се тестирани 177.478 ученици, а по еден 2.619.
Оправдано отсутните ќе бидат тестирани од 17 до 20 август. Учениците кои не се задоволни од оценките можат да поднесат приговор до 30 јуни.
