Јолевски: Поддршка од Канада за членство на Македонија во НАТО
Министерот Јолевски учествува на состанокот на Североатлантскиот совет на НАТО на ниво на Министри за одбрана од земјите што учествуваат во мировната мисија „Одлучна поддршка“...

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, учествува на состанокот на Североатлантскиот совет на НАТО на ниво на Министри за одбрана од земјите што учествуваат во мировната мисија „Одлучна поддршка“. Состанокот е прв од ваков вид на кој се дискутира за досегашниот прогрес и идната траекторија на мировната мисија „Одлучна поддршка“.
„Оваа посета ја искористив за повеќе билатерални средби со моите колеги-министри за одбрана од земјите-членки на НАТО. Имав одделна, многу корисна средба со министерот за одбрана на Канада, Џејон Кени, на која тој ја искажа поддршката на Канада за покана на Република Македонија да стане членка на НАТО“, изјави министерот Јолевски за МРТ.
Јолевски соопшти дека на состанокот било договорено да се следи состојбата во Авганситан, и во поглед на развојот на состојбите, ќе се одлучи за преминот во втората фаза на оваа мисија што засега е одлучено да трае до крајот на 2016 година.
