Истекува рокот за подигнување на ваучерите за таблет компјутери за студентите
Над 5 илјади студенти ги подигнале ваучерите од факултетите каде што студираат. Вредноста е 8 илјади денари...

Денеска истекува рокот за подигнување на ваучерите за таблет компјутери со тастатура за студентите. Од 7.290 студенти кои се пријавија на конкурсот, 5.273 ги исполнувале условите.
Над 5 илјади студенти ги подигнале ваучерите од факултетите каде што студираат. Вредноста е 8 илјади денари, а може да го искористат студентите од трета и четврта година, чиишто семејства имаат бруто приход од 32 илјади и 700-ни денари и студенти со посебни потреби од сите студиски години.
Бенефит од проектот имаат и приватните компании од секторот на информатички технологии, кои изминатиот период се соочуваа со проблеми при продажбата на таблет-компјутери, велат од Министерството за информатичко општество и администрација.
