Донација за Центарот за деца со аутизам
Компанијата за изработка и производство на мебел Технокооп, успешно ја заврши донаторска акција и го опреми Дневниот центар за деца со аутизам од Скопје...

Хумнаноста се покажува на дело. Донација за центарот за деца со аутизам,во кој се згрижени 15 штитеници. Компанијата за изработка и производство на мебел Технокооп, успешно ја заврши донаторска акција и го опреми Дневниот центар за деца со аутизам од Скопје.
„Ние како компанија секогаш се трудиме да помогнеме каде помошта е потребна, за најранливите групи, а посебно за децата. Организирањето на ваквите донаторски акции се начин како дирекно можеме да помогнеме и ги подобриме условите во тие средини“, изјави Тони Божиновски, генерален менаџер на Технокооп мебел.
Дневниот центар кој започна со работа пред една година, има капацитет за згрижување на 15 деца на возраст до 18 години. Центарот нуди вонинституционална заштита на децата и младинците со аутизам и преку креативно едукативни работилници се труди да го подобри нивниот развој на социјалните вештини.
