Заплови 17-тата Вардарска регата „Гемиџии“

25.06.2015 14:55

Се вози со 13 гумени сплавови и дрвената гемија којашто е реплика на онаа со која велешките трговци носеле стока по Вардар се до Солун. Четири дена ќе плови од Велес до Гевгелија, а годинава има и гости од соседството...

Стотина учесници на 14 пловни објекти меѓу кои е и репликата на славната велешка гемија, четири дена пловејќи по Вардар ќе ја зaжвеат старата традиција, кога со дрвени гемии се одело на трговија во Солун.

Годинава она што регатата ја прави поразлична од претходините, е учеството на преставници на Бугарскиот црвен крст и Извидничкиот одред од Ниш, Србија.

За безбедноста на учесниците ќе се грижат 16 спасители од велешкиот Црвен крст.

И оваа регата ќе заврши во Гевгелија. Организаторите, здружението „Вардарска регата Гемиџии“ се надеваат наредната регата да биде пловна до Солун.

Дијана Иванова