Јавна дебата за Законот за азил
Во Законодавниот дом јавна дебата за азилот и европското законодавство. Неодамна владата ги донесе измените на Законот за азил и по итна постапка се доставени во собранието. Со измените мигрантите кои доаѓаат во земјава можат да престојуваат 72 часа по што или треба да ја напуштат државата или да побараат официјално барање за азил...

Службите на МВР ги регистрираат првите барања за азил, но не прецизираат точен број. Од таму велат дека не се пријавени несреќни случаи на загинати или нападнати мигранти, а нема ниту забелешки од невладиниот сектор. Усогласувањето на домашниот закон со европските директиви, се најде на јавна расправа во Собранието.
Минатата година азил во земјава им е одобрен на 11 државјани од Сирија. Но, по напливот на мигранти, се создаде и проблем со нивното сместување.
Барателите на азил имаат право на бесплатна правна помош, образование, работа, сместување и здравствена заштита.
Со новиот закон, бегалците по влезот во земјата треба во рок од 72 часа да поднесат барање за азил. Во спротивно треба да ја напуштат земјата.
Анита Димитријевска
