Николоски претседаваше со ПССЕ
Унгарија и нејзините проблематичните медиумски закони, како и повлечениот предлог за воведување на смртната казна во ова земја, се најдоа на дневен ред на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Интересно за нас е што со него претседаваше македонски пратеник...

Ова беше фрагмент од седницата на ПССЕ, воедно најстарата европска институција со која претседаваше македонски пратеник, истовремено и шеф на нашата делегација во стразбур. При водењето на летната сесија, според извештајот на ПС се развила жива дискусија, особено околу состојбата во Унгарија, но и во Унијата за сопственоста на медиумите, како и за етиката и одговорноста во самите медиуми.
При претседавањето е ставен крај на едно жешко прашање кое побуди силни противречности во ЕУ кога станува збор за унгарските закони кои се однесуваат на слободата на изразување.
Пратениците од Советот, исто така, позитивно го оценија повлекувањето на предлозите за повторно воведување на смртната казна во Унгарија. ПССЕ побара од земјите членки и да се почитува правилото на јавност при одредување на сопствениците на медиумите, но и да се воспостават етичките кодекси на новинарскиот професионализам, да се декриминализира клеветата и новинарите да се воздржат од говорот на расизам и омраза.
Пратеникот од македонското собрание, Николоски по вторпат претседаваше со седница на најстарата организација како нејзин потпретседател во тековната година.
Зоран Богатинов
