Европскиот Совет ќе ги усвои заклучоците за Македонија
Во заклучоците се реафирмираат одлуките на партиските лидери на состаноците на 2-ри и 19-ти јуни за реформи при владеењето на правото, добрите меѓуетнички односи, а се бара да се создадат итни мерки за решавање на политичката криза...

Денеска Европскиот Совет треба да ги усвои заклучоците за Македонија кои беа предложени на 22-ри овој месец од Советот за општи работи на Европската Унија.
Во заклучоците се реафирмираат одлуките на партиските лидери на состаноците на 2-ри и 19-ти јуни за реформи при владеењето на правото, добрите меѓуетнички односи, а се бара да се создадат итни мерки за решавање на политичката криза.
Исто така, реформите се однесуваат на почитувањето на човековите права, слободата на медиумите, корупцијата и на промени во изборната регулатива и избирачкиот список.
Советот ќе се наврати во јули годинава, за целосен увид на процесот на стабилизација и асоцијација на Македонија, се вели во заклучоците од 22-ри јуни.
