ЕЛЕМ ќе го обновува автокампот „Ливадиште“ во Струга
26.06.2015 10:51
Проектот ќе чини 2,7 милиони денари. Покрај приколките ќе има и кошаркарско и фудбалско игралиште, миниголф, нови бунгалови...

Убава вест за љубителите на камперскиот туризам. ЕЛЕМ планира обнова на автокампот „Ливадиште“ во Струга. Ќе се санира електричната инсталација, водоводот, соларниот систем за топла вода.
Проектот ќе чини 2,7 милиони денари. Покрај приколките ќе има и кошаркарско и фудбалско игралиште, миниголф, нови бунгалови.
Ќе се обнови и плажата во должина од речиси два километра.
