Мисија на ММФ од понеделник во Македонија
Тимот на крајот од мисијата ќе објави прелиминарни заклучоци, а ќе изготви и целосен извештај што ќе се дискутира на состанок на Извршниот борд на ММФ на датум што ќе биде дополнително определен...

Тим на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предводен од Јесмин Рахман од понеделник ќе престојува во Скопје, со цел да спроведе годишен преглед на македонската економија, соопштуваат од меѓународната финансиска институција.
Тимот на крајот од мисијата ќе објави прелиминарни заклучоци, а ќе изготви и целосен извештај што ќе се дискутира на состанок на Извршниот борд на ММФ на датум што ќе биде дополнително определен.
Инаку, според априлскиот извештај, ММФ очекува македонската економија да порасне за 3,8% во 2015 година, откако забележа еднаков раст и во 2014-та. Растот на бруто- домашниот производ, според прогнозите на аналитичарите на ММФ, ќе изнесува 3,9% во 2016-та.
Во последниот извештај на ММФ посветен на земјите од Западен Балкан, пак, се вели дека Македонската економија расте побрзо од останатите во регионот, што се должи на мерките од фискалната политика кои го поттикнуваат растот, но и на странските директни инвестиции.
