Променливото време - причина за зголемен број повици во итната помош
26.06.2015 12:35
Мозочни и срцеви удари најчести кај граѓаните на возраст помеѓу 50 и 60 години, но и хронично болните...

Покачувањето, па пад на температурите сериозно им влијае врз здравјето на граѓаните. Нестабилното време- причина за заголемен број на повици во итната медицинска помош.
Мозочни и срцеви удари најчести кај граѓаните на возраст помеѓу 50 и 60 години, но и хронично болните. Лекарите советуваат, мора да се внимава на исхраната, да се редуцира употребата на масна храна, алкохол и цигари.
Хроничните болни се најзагрозени при вакви промени, па затоа задолжително да ја земаат пропишаната терапија од матичните лекари.
