Во стручните училишта запишани околу 1.000 ученици повеќе од гимназиите

26.06.2015 13:08

5.416 се одлучиле за гимназиско образование, 6.405 за некои од стручните училишта и 186 во спортската гимназија...

Во првиот уписен рок во јавните средни училишта во земјава се запишале околу 12.000 ученици. 5.416 се одлучиле за гимназиско образование, 6.405 за некои од стручните училишта и 186 во спортската гимназија.

Сите места се пополнети во скопските гимназии „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Зеф Љуш Марку“, „Георги Димитров“ и „ Раде Јовчевски Корчагин“ како и во средното училиште „Јосип Броз Тито“ од  Битола, информираат од Министерството за образование.

Во првиот уписен рок се пријавиле 17.948 ученици од кои: 12.629 ученици за настава на македонски јазик, 4.863 ученици за настава на албански и 284 ученици за настава на турски јазик и 172 повторувачи.

За второто пријавување од јунскиот рок има околу 23.000 слободни места. Второто пријавување од јунскиот уписен рок ќе се реализира на 29-ти јуни и 30-ти јуни.

Највисоко рангираните ученици на скопските регионални натпревари денеска добија награди и благодарници.