Летните попусти ги наполнија книжарниците
На полиците освен странските, и книгите од македонските автори со достапни цени за сечиј џеп...

Книгата и летото се совршенa двојка за незаборавна летна приказна. Книгите можат да не одведат на места за кои не сме знаеле дека постојат, а секоја нова страница, искра која се претвора во некоја нова идеја, велат читателите. Големите летни попусти ги наполнија книжарниците, најчитаните бестселери поблиску до љубителите на пишаниот збор.
На полиците освен странските, и книгите од македонските автори со достапни цени за сечиј џеп. Десетиците телевизиски канали и неисцрпното интернет пространство, заменете го со некоја книга, велат од книжарниците.
„Лето во италија“ е еден предлог – книга, велат- таа е најбараниот летен хит, соодветен за годишните одмори и времето поминато на сонце. На полиците, широк спектар на белетристика за оние со пософистициран вкус, класична и стручна литература, поезија и книги за деца.
Времето поминато со книгата е време на бескрајно уживање и патување низ нови и непознати светови. Летниот фестивал на книгата ќе трае до 31-ви август.
Александра Перевска
