Груевски за „Фајненшал тајмс“: Подготвени сме да прифатиме голем дел од идеите за да се зголеми довербата на опозицијата

26.06.2015 17:12

„Подготвени сме да прифатиме голем дел од идеите за да се зголеми довербата на опозицијата пред изборниот процес“, вели премеирот Груевски за „Фајненшл тајмс“. Според него, грѓаните решаваат кој ќе биде на власт, а кој во опозиција. Тој ги кани набљудувачите на ОБСЕ да дојдат во Македонија и да ги надгледуваат изборите...

Граѓаните на избори решаваат кој ќе биде на власт, а кој во опозиција. Премиерот Груевски за „Фајненшл тајмс“ вели дека нема да поднесе оставка. Покажува подготвеност  за прифаќање на идеи на опозицијата.

„Подготвени сме да прифатиме голем дел од идеите за да се зголеми довербата на опозицијата пред изборниот процес. Грѓаните решаваат кој ќе биде на власт , а кој  во опозиција“, вели Груевски за познатиот британски весник.

Груевски на следните избори  очекува „голема победа“. Премиерот ги кани набљудувачите на ОБСЕ да дојдат во Македонија и да ги надгледуваат изборите.

„Ги поканувам набљудувачите на ОБСЕ. Колку повеќе дојдат, подобро за нас. Ќе видиме дека се ќе се спроведе на фер и демократски начин“, вели Груевски.

Случувањата во Македонија се внатрешна политичка криза и ќе се решат на политички начин, вели во интервјуто премиерот. Груевски е дециден- престрелката во Куманово нема да предизвика меѓуетнички тензии во Македонија.

 

Наташа Гркова- Петрушевска