Бизнис- форум: Инвестициските можности претставени во Париз

26.06.2015 17:04

Владината делегација во француската престолнина е предводена од премиерот Груевски, кој на стопанствениците и инвеститорите од Франција им ги претстави поволностите за инвестирање, ниските даноци, квалитетната работна сила...

Презентирање на можностите за инвестирање и за правење бизнис во Македонија, поврзување на успешните домашни компании со потенцијални партнери од странство, развој на домашното стопанство – ова е целта на бизнис форумот што попладнево се одржува во Париз, во организација на „Македонија 2025“.

Владината делегација во француската престолнина е предводена од премиерот Груевски, кој на стопанствениците и инвеститорите од Франција им ги претстави поволностите за инвестирање, ниските даноци, квалитетната работна сила.

Бизнисот форумот е се уште во тек, а предвидени се три панели: за инвестициските можности, потоа дел посветен на успешни бизнис приказни од Македонија и од нашата дијаспора, можностите за идна соработка, како и директни средби со заинтересираните инвеститори.

Форумот собра на едно место голем број истакнати професиналци од бизнис сферата од Македонија, Франција, од македонската дијаспора во Европа, Канада и САД и членови на одборот на директори на „Македонија2025“ кои ги разгледуваа можностите за соработка во информатичкиот сектор, агрибизнисот и бизнисот со обновливи извори на енергија.