Нова лидерска средба за надминување на политичката криза

29.06.2015 10:00

Во последните изјави лидерите на двете најголеми партии, Груевски и Заев го допреа прашањето за формирање на концентрациска влада, со овозможување на надзор на одредени министерства од опозицијата...

Нова лидерска средба за доближување на ставовите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и за надминување на политичката криза.  

На средбата ќе учествуваат и лидерите на ДУИ и на ДПА, а се очекува и присуството на аmериканскиот и европскиот амбасадор, Бејли и Орав.

Во последните изјави лидерите на двете најголеми партии, Груевски и Заев го допреа прашањето за формирање на концентрациска влада, со овозможување на надзор на одредени министерства од опозицијата.

Сепак СДСМ, според Груевски и натаму е главен камен на сопнување за решавање на кризата.