НБРМ воведе мерки за превенција на одлив на капитал кон Грција

29.06.2015 10:12

Нема да се ограничуваат приватните трансфери, ниту трансакциите за размена на стоки и услуги, но ќе се ограничат вложувањата во хартии во вредност, инвестициски фондови, кредити и заеми...

Привремени заштитни мерки против опасност од одлив на капитал кон Грција. НБРМ најави дека презема мерки против нарушување на стабилноста на македонскиот финансиски систем.

Мерките се однесуваат на новите склучени капитални трансакции, но не и на доспеаните плаќања за досегашните аражмани. Поточно, нема да се ограничуваат приватните трансфери, ниту трансакциите за размена на стоки и услуги, но ќе се ограничат вложувањата во хартии во вредност, инвестициски фондови, кредити и заеми.

НБРМ ги предупредува македонските банки дека се должни да ги повлечат сите кредити и депозити од банките со седиште во Грција и нивните филијали.

Целта не е да се отежнат секојдневните трансакции, туку да се спречи одливот од капитал. Предвидените мерки ќе траат најмногу шест месеци, вели НБРМ во соопштението.