Почнува електронското поднесување барања за субвенции

29.06.2015 10:14

Почнува електронското поднесување барањата за субвенциите од програмата за рурален развој. За овие потреби земјоделците претходно ќе мора да ги внесат промените во регистарот...

На почетокот на  јули ќе се објави повик за поднесување  електронско барање за субвенционирање инвестиции за модернизација на земјоделството од Програмата за рурален развој.

Сите заинтересирани треба навреме да ги ажурираат податоците запишани во регистарот на земјоделски стопанства.

Внесувањето на промената на податоците се врши во подрачните единици на Министерството за земјоделство.


Методија Трајков