Банките со грчка сопственост во земјава работат нормално

29.06.2015 10:59

Стопанска банка и Алфа банка,заедно поседуваат над 20 насто капитал во домашниот банкарски сектор...

Стопанска банка и Алфа банка, грчка сопственост во земјава, денеска работат нормално. Овие две банки заедно поседуваат над 20 насто капитал во домашниот банкарски сектор. Мермерниот комбинат- Прилеп е единствената компанија која котираше на берзата во Атина кога имаше грчки сопственик.

Во првите четири месеци од 2015-тата, Грција е четврти трговски партнер на Македонија, со вкупна размена од над 200 милиони долари.

Поради тековната криза, грчките инвестиции во земјава во последните години се незначителни.