Нема откажување на аранжманите за Грција
Домашните туристи и натаму најмногу се насочуваат кон грчките дестинации...

Нема откажување на аранжманите за Грција- велат во Стопанската комора.
Агенциите немаат откажувања за Грција. Ја следиме ситуацијата. Во моментот и не е толку опасно со оглед на тоа што нашите туристи во Грција повеќе одат во апартманско сместување. Ако банките се затворени тогаш може да дојде до затворање на одредени бензински пумпи или големи маркети. Може да се случи се, но сметаме дека нема да има проблем, изјави Славе Сирачевски, заменик претседател на Здружението за угостителство и туризам.
Сепак Здружението на угостители се соочува со предизвикот од недостиг на свеж капитал, образуван кадар, а не е решен и статусот на сезонските работници.
Според податоците, Македонија ја посетиле 700.000 туристи, но домашните и натаму најмногу се насочуваат кон грчките дестинации.
