Второ пријавување за иднинте средношколци

29.06.2015 13:19

Слободни места за второто пријавување има за 23.017 ученици од кои 15.392 за настава на македонски, 6.728 за настава на албански...

Почна второто пријавување од првиот уписен рок за идните средношколци. Учениците најголем интерес покажале за гимназиите , средните медицински и економски училишта.

Во голем број скопски гимназии нема да има втор уписен рок. Слободни места за второто пријавување има за 23.017 ученици од кои 15.392 за настава на македонски, 6.728  за настава на албански, 845 слободни места за настава на турски јазик и 34 слободни места на српски наставен јазик.