РКЕ: Подготвителна седница за цената на струјата

29.06.2015 13:26

Енергетичарите велат дека трошоците за увоз се намалени во однос на лани, но Регулаторна ќе ја земе предвид и оправданоста на поединечните реализирани инвестиции на секоја компанија...

Додека цените на горивата од полноќ поевтинуваат, во Регулаторната комисија за енергетика денеска се одржува подготвителна седница на која се разгледуваат доставените извештаи за трошоците на трите енергетски компании, ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО.

Од оваа средба зависи и висината на цената на струјата што ќе се применува од први јули годинава. Енергетичарите велат дека трошоците за увоз се намалени во однос на лани, но регулаторна ќе ја земе предвид и оправданоста на поединечните реализирани инвестиции на секоја компанија.

Неофицијално, компаниите бараат зголемување на цената, но од комисијата најавија   повеќе детали на утрешната конференција за новинарите.

Според постојната методологија парите за секој потрошен киловат час се делат на три дела, од што половина добива производителот ЕЛЕМ, диструбутерот ЕВН инкасира 44 проценти, а МЕПСО добива 6 насто.