Делегација на Норвешките оружени сили во посета на АРМ
Главни теми на средбата со неговиот домаќин, началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, ќе бидат унапредувањето на билатералната воена соработка, трансформацијата на АРМ...

Во дводневна официјална посета на Македонската армија ќе претстојува делегација на норвешките оружените сили предводена од Адмирал Хакон Брун-Хансен.
Главни теми на средбата со неговиот домаќин, началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, ќе бидат унапредувањето на билатералната воена соработка, трансформацијата на АРМ и учеството во меѓународни мисии за поддршка на мирот.
Од 2008 до 2012 година, во рамките на норвешката- полска болница во Мејмана, Авганистан беше распореден хируршки тим на македонската армија. Норвешка досега донираше една комплетна лесна маневарска полска болница во вредност од околу 2 ипол милиони евра, софистицирана опрема за заштита на телекомуникациските врски, медицински материјал и компјутерска опрема во вредност од 57 илјади евра, и финансиски го поддржа проектот „Лепеза“.
