ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Заев да распише предвремени локални избори

29.06.2015 17:34

„Заев да распише предвремени локални избори во Струмица и да се соочи со народот“ - бара огранокот на ВМРО - ДПМНЕ...

Оставка од Заев и предвремени избори за градоначалник побараа советниците од ВМРО ДПМНЕ од Струмица. На денешниот прес тие го обвинија Заев за според нив запуштување на општината, која две години била оставена на цедило. Во прилог на барањето, советниците го прозваа Заев за дел од како што рекоа многубројните негови неисполнети предизборни ветувања.

Советниците, истакнаа дека непојавувањето на градоначалникот Заев во Струмица според нив значи омаловажување на граѓаните на Струмица, а според Пакетов, градот бил оставен на самоволие и анархија на органите на локалната власт, кои како што додадо на пресот, повеќе кампувале во Скопје отколку што работеле.

Од општина Струмица велат дека не го коментираат денешниот прес на советниците на ВМРО- ДПМНЕ.

 

Катерина Давчева