Најмногу претставки против пазарните и трудовите инспектори
Концентрацијата на поплаките е пред се кај пазарните и трудовите инспекторати бидејќи нивниот број на субјекти за надзор е најголем...

Инспекцискиот совет денеска на јавна седница разгледуваше 10 претставки поднесени против 10 инспектори. 5 од претставките се однесуваат за трудови инспектори, останатите се за инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување, од Агенцијата за храна и ветеринарство, една претставка има за просветен инспектор и една за инспектор во патниот сообраќај.
Концентрацијата на поплаките е пред се кај пазарните и трудовите инспекторати бидејќи нивниот број на субјекти за надзор е најголем. Тука некаде се и инспекторите за храна и ветеринарство, но тоа не значи дека нема и кај другите. Можеби не се јавуваат зашто се поспецифични, изјави претседателот на Советот, Ванчо Каргов.
Каргов апелира граѓаните слободно да доставуваат претставки, по пошта, електронски или со смс. За оваа намена, најави, идниот месец ќе биде отворена и посебна телефонска линија.
