Дневниот лимит на повлекување готовина во Грција може да биде намален до 20 евра
Министерството за финансии во Атина ги демантира гласините за ваквото ограничување, но вчера многу банкомати останаа без банкноти од 20 евра...

Дневниот лимит за повлекување пари од банкоматите во Грција наскоро може да биде намален од 60 до 20 евра. Банките се обидуваат да фатат чекор со побарувачката, а лимитираните резерви секојдневно се намалуваат, тврдат грчките медиуми.
Министерството за финансии во Атина ги демантира гласините за ваквото ограничување, но вчера многу банкомати останаа без банкноти од 20 евра.
Банкарски извори велат под притисок на грчките банки ограничувањето било кренато на 60.
Пензионерите во Грција ќе можат неделно да повлекуваат најмногу до 120 евра во готово, иако беше најавено дека лимитот за нив ќе биде двојно поголем.
